Нино и Мартин: Не постои нешто на светот кое може да ве спречи да лансирате ваша компанија

Патот на CodeWell низ годините е полн со измени и успеси. Компанија која развива свои продукти. Нино Карас и Мартин Анчевски ја основаа CodeWell во 2010-2011 година и со многу труд и мотивација успеаја да ја доведат до препознатливиот бренд што го претставува денес, тие утрово се гости во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Нашиот развој започна од Автобуско, апликација која даваше информации за сообраќајот на градски автобуси во Скопје, која го привлече вниманието на луѓето и подоцна беше откупена од страна на T-Mobile. Понатаму, ние основавме и две успешни стартап компании кои засебно ни донесоа многу позитивни искуства и важни лекции по кои се водиме и ден денес. Првата стратап компанија е MarkO со која освоивме многу награди, меѓу кои и наградата Community Award на Pioneers Festival. Втората стартап компанија е препознатливата Letz која достигна најзначителен успех, освојувајќи ја меѓу другите и најпрестижната награда Product of the Year на Product Hunt. Со Letz, бевме првите на Балканот кои успеаа да подигнат Venture Capital и да го најдат својот пат кон САД- велат Нино и Мартин.

Кога ќе видиме што се сме постигнале, велат тие, добиваме наплив на енергија и мотивација секогаш да се стремиме кон повеќе и да работиме на нови продукти.

-Со оглед на нашиот иновативен и претприемнички дух, во иднина планираме развој на нови и успешни продукти и почеток на нови возбудливи проекти и можни соработки- велат Нино и Мартин.

Пораката која ја испраќаат е дека не постои нешто на светот кое може да ве спречи да лансирате ваша компанија, продукт, бренд или што и да е тоа што вам ви е најголема желба кога го имате нивото на одлучност што е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот