Ниневски: Чувството е прекрасно

Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.

Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.

Ниневски и лани го извади светиот крст од водите на реката Вардар.

– Чувството е прекрасно, Бог се јави… Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија, тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите што скокаат по крстот да го осетат ова чувство. Минатата година добив икона, библија, крст и ланче, рече 26-годишниот Ниневски во изјава за медиумите.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која присуствуваше на манифестацијата им го честиташе празникот Богојавление на сите христијани и посака среќа, радост и успеси.

– Ова е дел од нашите христијански традиции меѓутоа и од традициите на македонскиот народ којшто секоја година ги ги прославуваме и одбележуваме. Тие се победа над искушенијата и доказ дека ако си издржлив ако си упорен успехот следи. Во овие моменти сакаме да ги упатиме пораките на обединетост, пораките на спокој, радост, среќа и успех во година во која очекуваме добри вести. за нашата татковина. И во тоа име денеска навистина ми беше задоволство со голем број граѓани на Скопје да бидеме тука и да го прославиме овој ден – рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот