„Нинџа ракети“ се новото тајно оружје на ЦИА: Хируршки прецизно, ја меле целта, а нема колатернални штети (ВИДЕО)

Фото: МИА

R9X не експлодира и има шест долги острици кои се наоѓаат внатре во ракетата, а се исфрлаат неколку секунди пред ударот и така пробиваат и на некој начин „мелат“ се што ќе им излезе во зададената цел.

Мистериозна ракета која американското министерство за одбрана ја крие од јавноста најверојатно е употребена неодамна за ликвидација на двајца членови на Ал Каеда во североисточна Сирија. Во тоа се уверени и коментаторите на конзерватината американска телевизија “Фокс Њуз“ која го поддржува претседателот Доналд Трамп. Официјална потврда за оваа информација нема, но фактот дека возилото во кое терористите се убиени останало речиси недопрено покрена шпекулации дека Американците повторно успешно го употребиле своето тајно оружје за атентат врз терористите.

Ракетата R9X е посебна по тоа што наместо експлозив користи острици за да предизвика најмалку колатерални жртви. Тоа досега беше Ахилова пета на американските акции во регионот поради големиот број цивили кои понекогаш страдаа во густо населените подрачја и го туркаа локалното население во прегратка на екстремистите.

Други острици

Според пишувањето на стручните публикации, R9X не експлодира и има шест долги острици кои се наоѓаат внатре во ракетата, а се исфрлаат неколку секунди пред ударот и така пробиваат и на некој начин „мелат“ се што ќе им излезе во зададената цел. Можноста за преживување на нападот со ваква бомба е практично непостоечка. За разлика од традиционалниот „Хелфајр“, кој има силна детонација и зад себе остава запалена земја, а може да убие и лица во радиус поголем од 200 метри, новата ракета се смета за многу понапредна верзија зошти има стопроцентна смртност во радиус помал од метар, поточно во радиус од 70 см. За оваа ракета првпат се пишуваше во „Волстрит журнал“ минатата година. Се смета дека стои зад неколку ликвидации кои медиумскибеа проследени поради високиот ранг на убиените, не само во Сирија туку и во Јемен и Авганистан.

Ликвидации

Се смета дека е употребена во мај 2019 година кога е ликвидиран талибанскиот командат во Кундуз во Авганистан. Тој месец на сличен начин е пронајде и ликвидиран наводниот архителт на нападите на американскиот воен брод во Јемен пред 20 години, Џамал ал Бадави. „Волстрит журнал“ пишуваше дека две години пред тоа еден командант на Ал Каеда, Ахмад Абу Хајр ал Масри, е убиен во Сирија во покраината Идлиб.

– Некои аналитичари веруваат дека на ист начин е убиен и познатиот ирански генерал и командант на силите Кудс, Касем Сулејмани, како и заповедникот на иранските сили во Ирак, Абу Махди ал Мухандис – рече Талеблу, кој верува дека американската војска ќе продолжи да го користи ова оружје за обезглавување на непријателските сили, кога би видела дека исчезнувањето на еден човек може да неутрализира цел систем.

Поради загубата на овој легендарен генерал Сулеманијата на иранските сили некое време беше дезориентирана, па се верува дека САД таа тактика може да ја користат и почесто за да ги разнишаат инаку моќните и организирани противнички системи.

Според пишувањето на „Волстрит журнал“, ова оружје се развива уште од 2011 година, а слична ракета се разгледувала и во време на планираниот атентат на Осама бин Ладен, водачот на Ал Каеда кој е убиен во куќа во Пакистан таа година. Оружјето настанало за да се заобиколи тактиката на многу терористи со скривање во близина на жени и деца да ги неутрализираат своите напаѓачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот