Нина Дуковска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со Дорајаки – брзи и превкусни јапонски палачинки!

Ако сте љубител на американските, тогаш веројатно ќе ви се допаднат и јапонските Дорајаки палачинки или сендвич од две воздушести палачинки. Дорајаки се нарекува и Микаса, од планината. Микаса во Нара, кој е до Осака.

Потребни состојки:

  • чоколаден (темен) крем
  • смеса за палачинки
  • три големи лажици зејтин
  • 150 милилитри вода
  • две јајца

Подготовка:

Во сад се става мешавината за тесто, масло, вода и јајца. Се меша со миксер додека не се изедначи смесата.

Ги правиме во загреана тава (по можност помала, за да се направат помалечки) и се става од смесата.

Откако малку ќе оладат се премачкуваат со чоколаден крем, се сечат на пола и се преклопуваат со друга палачинка по истиот принцип.

НА ЗДРАВЈЕ!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот