Фото: Принтскрин / Инстаграм

Нина Бадриќ искрено за љубовниот живот: По разводот си ја научив лекцијата

Нина Бадриќ во пресрет на концертот во Белград, даде интервју за српски „Курир“, во кое отворено зборуваше и за теми поврзани со нејзиниот живот. Имено, пејачката искрено проговори за својот љубовен живот.

„Што се однесува до додворувачите, има такви. Секогаш ги има. Не се жалам за тоа, но проблемот не е дали некој ме сака, туку дали некој ми се допаѓа. Не ми треба повторување на некои лоши искуства“, изјавила 52-годишната пејачка за „Курир“.

Таа се присети и на разводот со Бернард Красниќ, со кого беше во брак од 2006 до 2012 година.

„Без разлика каков брак, секој развод е тежок. Не би посакала за себе никакви средби кои не се искрени. Ја научив лекцијата, па овојпат ќе бирам повнимателно. Не знам каков тип би бил тој што би сакал. Физичкиот изглед не е важен. Сакам обичен дечко. Мора да има страст, а од него очекувам да е мојот најдобар пријател. Не сакате да го изневерите, сакате да го чувате, да го имате секогаш таму“, додала таа.

За потсетување, деветгодишната љубов и тригодишниот брак на Нина Бадриќ и Бернард Красниќ заврши во 2009 година без никакви претерани изјави за медиумите. Се шпекулираше дека со месеци се обидувале да го спасат бракот, но безуспешно, а според многумина пресудна била разликата во годините.

ФОТО | Најдобро издание досега: Нина Бадриќ ужива во Грција и добри бројни комплименти за изгледот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот