Нина Ангеловска по вторпат избрана за „жена амбасадор за е-трговија“ на УНКТАД

Нина Ангeловска, по вторпат беше избрана за „жена амбасадор на e-трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет.

Неделава УНКТАД ја одржа неделната програма за прогласување на новата група избрани жени-амбасадори за е-трговија (еTrade for Women Advocates) за 2021-2022 година. Г-ѓа Изабел Дурант, вршител на должноста Генерален секртар на УНКТАД упати честитки до амбасадорките на свечената церемонија за нивно назначување која оваа година се одржа виртуелно.

Втората група на „амбасадорки на е-трговија“ брои шест успешни жени претприемачи кои ги покриваат следниве региони: Арапските држави, Африка, Балканот, Латинска Америка и Југоисточна Азија. Ангеловска е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадорка на е-трговија“ за Балканот.

Жените-амбасадори за е-трговија се успешни и влијателни жени, бизнис-лидери одбрани од УНКТАД со цел да се поттикнат и инспирираат жените во светот да преземат иницијативи и да ги искористат предностите што ги носи глобалната дигитална економија и со тоа да придонесат за зајакнување на позицијата на жените во дигиталната економија. Преку нивната работа и лидерство, амбасадорките ја инспирираат и ја поттикнуваат следната генерација жени претприемачи да градат поинклузивни дигитални екосистеми на локално ниво.

– Ми претставува голема чест што мојот мандат во УНКТАД продолжува. Од улога на Амбасадор на иницијативата Е-трговија за жени се надевам дека ќе инспирирам што повеќе жени да бидат храбри, да го искористат својот потенцијал и предностите на технологијата, да покажат што знаат и умеат, да целат високо и да ги водат промените. Сега во време на ковид-19, повеќе од кога било треба да ги претвориме предизвиците во можности и да го искористиме потенцијалот на дигиталната економија и жените, вели Ангеловска.

Инаку, првото прогласување на Ангеловска за „жена-амбасадор за е-трговија” беше за време на 74тото Генерално Собрание на Обединетите Нации, кое се одржа од 23 до 26 септември 2019 година, во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот