Никшиќани масовно на гласање, Ковачевиќ слави, партијата на Мило под заштита на полицијата

Избори Црна Гора/ Фото EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Вечерва во 20 часот се затворени избирачките места во Црна Гора, а граѓаните денеска имаа можност да ги изберат своите претставници во локалната власт.

Во Никшиќ, родниот град на претседателот на Црна Гора и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ според Општинската изборна комисија гласањето поминало мирно и успешно.

-Излезноста до 19 часот е 80,5 отсто, во споредба со излезноста од парламентарните избори во август минатата година кога беше 80,24 отсто. Немаше инциденти на гласањето, а првите прелиминарни резултати ги очекуваме околу полноќ, соопшти Раде Перишиќ, претседател на ОИК за подгорички „Вијести“.

Додека ОИК ги пребројува гласовите, полицијата од претпазливост ја блокираше улицата каде е сместен централниот штаб на Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ.

Од друга страна симпатизерите и активисти од коалцијата „За иднината на Никшиќ’ заедно со носителот на листата Марко Ковачевиќ се собрале денеска пред штабот на овој политички субјект и ја почнале прославата за новиот градоначалник. Како што може да се види од снимката објавена на Фејсбук, во текот на собирот се прекршени мерките против епидемијата – не се носеат маски и не се почитува физичка дистанца.

Никшиќ се смета за бастион на партијата на Ѓукановиќ која во последниот мандат владееше со градот без опозиција која ги бојкотираше последните локални избори во 2017 година. На парламентарните избори во Црна Гора во август годинава, ДПС доживеа првпат пораз по 30 годишното владеење со земјата.

Црногорците избираат локална власт, а во Никшиќ се кршат копјата: Ќе падне ли Ѓукановиќ и во родниот град?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот