Николовски: Заев е храбар политичар, народски човек

Љубиша Николовски во гостување на Канал 5 / 24 декември 2021 / фото: Канал 5/принтскрин

„Не знам што опозицијата подразбира под „заевизам“. Веројатно тоа е синтагма од времето на Груевски. И целата кампања на ВМРО-ДПМНЕ ми се чини, оправдано или не, со иста пи-ар стратегија да го сменат Заев и СДСМ од власт. Заев заминува со маани и предности“, рече новинарот Љубиша Николовски во вечерашното гостување на телевизијата Канал 5.

Според него, граѓаните немаат фоторобот, за кој што сите ќе се согласиме дека некој политичар е идеален, убав, паметен, професор итн.

-Заев беше народски човек, не криеше од каде доаѓа. Имаше и позитивни особини. Мислам дека беше отворен и знаевме со кого имаме работа. Јас лично почитувам кога знам кај ме води и што да очекувам. Влезе храбро во време на избори. Тоа беше храбар потег во време кога сакаш да оствариш власт, рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот