Николовски: За ВМРО-ДПМНЕ зборот враќање постои единствено за враќање на Груевски и обнова на режим

Изборната кампања е пред самиот крај и верувам дека успеавте да ја видите огромната разлика меѓу СДСМ и Коалицијата „Можеме“ која настапи со конкретна програма и визија за иднината на државата и ВМРО-ДПМНЕ која не покажа ништо друго освен лицето на режимот кој 11 години ја запусти државата, истакна од Градско, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3.

-Ние понудивме развој и просперитет, тие понудија враќање кон изолацијата и корупцијата. Ние понудивме правда, ред и дисциплина, тие понудија заштита на криминалот, враќање на Груевски, враќање на истата криминална група која ги ограбуваше и понижуваше граѓаните. Ние со храбри одлуки го овозможивме влезот во НАТО и го откочивме евроинтеграцискиот пат, тие нудат поништување на Преспанскиот договор, на Договорот со Бугарија и целосно загрозување на нашите европски перспективи. Ние го потврдивме македонскиот јазик и идентитет, обезбедивме соживот, тие сакаат да не вратат на меѓуетнички тензии и поделби- потенцираше Николовски.

Прочитајте и...  Претседателот Пендаровски ќе го отвори јубилејното 60-то издание на Охридско лето

Додека ние се справуваме со здравствената криза, истакна тој, тие правеа хаос, ширеа лажни вести, ги кршеа мерките за заштита и го доведуваа во опасност здравјето на граѓаните.

-Затоа е многу важно на изборите на 15 јули сите, почитувајќи ги мерките за заштита, да излеземе на избори и да ги поддржиме СДСМ и Коалицијата „Можеме“. Затоа што СДСМ нуди иднина, а ВМРО-ДПМНЕ е опасност за државата. За да го победиме национализмот што промовираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Затоа треба и ДУИ да замине во опозиција, бидејќи секој глас даден за ДУИ е глас даден за Груевски. На овие избори одлучуваме за иднината на државата. За иднината на нашите деца. Не е време за молчење, секој од нас треба да излезе на избори и да гласа за европска перспектива на државата- истака Николовски.

Прочитајте и...  Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина

Да гласа за правда, ред и дисциплина, потенцираше Николовски.

-Се обврзуваме пред вас дека уште во првите 100 дена од Владата почнуваат темелните реформи во правосудството. Нема заштита на криминалот, ќе одговара секој за сторената злоупотреба. Не очекува многу работа дома, силни реформи во судството, во здравството, во образованието и затоа бараме чист мандат. За две и пол години постигнавме многу. Ги остваривме нашите стратешки цели, влеговме во НАТО, ќе влеземе во ЕУ. Обезбедивме историски развој на сите полиња, признат од целата меѓународна заедница- рече Николовски.

 

Прочитај повеќе

Трамп: Штетата на карантинот е поголема од неговата корист

Слободен печат

Прв месечен раст на буџетските приходи во јули од почетокот на КОВИД-19 кризата

Слободен печат

Грчкитe гранични премини ,,Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај

Слободен печат

Трагедија во Малезија: Момче исчезнало, па му ги пронашле остатоците во стомак на крокодил (ВИДЕО)

Слободен печат

МТСП: Исплата на паричната помош од социјална и детска заштита од денес во три групи

Слободен печат

Ужас во Шведска: Дванаесетгодишно девојче настрада при престрелка, ја погодил залутан куршум

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Истражување: Италијанците со антитела за коронавирус шест пати повеќе од официјално заразените

Слободен печат

Слика со портрет на Македонец од 1726 година – најстар запис за населувањето на Македонците во Војводина

Миа Агенција

Регистрирани се 390 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Ураганот Исаја ја погоди Северна Каролина

Слободен печат

Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура

Слободен печат

Пецас денеска ќе ги соопшти промените во грчката влада

Слободен печат