Николовски за оценката „хибриден режим”: Треба да ја прифатиме реалноста и да почнеме да работиме сите заедно

Апсолутно 2020 година сите ја паметиме како година во која оваа опозиција го блокираше работењето на Собранието и многу процеси во време на пандемијата и тоа извештајот го нотира, како што ги нотира успешноста на изборите и воспоставувањето на институциите и механизмите на демократијата, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, во однос на оценката „хибриден режим” на Глобалниот индекс на демократија.

Треба да ја прифатиме реалноста, посочи Николовски во своето гостување на Телевизија 24, и да почнеме да работиме сите заедно во еден ист правец за сите овие забелешки во извештајот.

– Мора да најдеме сите разбирање, затоа што сме на истата страна. И граѓаните и невладинте организации и сите кои ја следат оваа проблематика. Верувам дека веќе следната недела ќе имаме конкретен план по однос што е се детектирано и што се треба да направиме. Сите овие препораки ќе бидат проследени до Владата и ќе бидат задолжени министерствата и институциите, затоа што дојде ред храбро и решително да се зафатиме со решавање на ова болно прашање, изјави Николовски.

Оценката од 3,13 за политичка култура, која е потенцирана во извештајот, посочи Николовски, е токму поради состојбата што ја имавме изминатата година, како неодговорното однесување на некои владини функционери кои беа дел од техничката влада, непочитувањето на мерки и протоколи и се што беше битно, а на некој начин беше нагласено од опозицијата.

– Постојано повикувавме на одговорност, на високи стандарди, кој треба да ги воспоставиме во критичен период кога немавме собрание, кога државата беше блокирана, но имавме постојано тактизирање се со цел партиските да бидат пред останатите интереси. Како нова генерација треба да повикаме на нови вредности и обединување за клучните работи, изјави Николовски.

Извештајот, посочи Николовски, се поклопува со приоритетот на Владата, бидејќи ги знаеме проблемите и што доаѓа на ред да го решиме во општеството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот