Николовски: Воведуваме Електронски систем за онлајн анонимно поднесување и следење на пријави

Љупчо Николовски/ фото Архива на Слободен Печат

Правиме уште еден храбар чекор кон подобрување на услугите кои ги добиваат граѓаните. Го воведуваме Електронскиот систем за онлајн поднесување и следење на пријави, соопшти вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

-Овој систем се имплементира како дел од владиниот План за борба против корупцијата со поддршка на УСАИД и има за цел да ги охрабри граѓаните да се борат против оваа појава со активно пријавување, нудејќи можност за заштита и целосна анонимност. Брз, ефикасен, модерен и анонимен начин каде граѓаните ќе може да испратат пријава за која било услуга, институција, како најавени корисници или како анонимни лица, порача Николовски кој кажа дека денеска ја проследил презентацијата на корисничката, но и на заднинското, системско процесирање на пријавите во рамки на новиот систем, појаснува Николовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот