Николовски: Во серија акции на Царинската управа запленети над 146 илјади килограми тутун

Царинската управа ги презеде сите мерки и извести за се она што го констатирале во врска со нелегалната трговија со необработен тутун, порача на денешната собраниска седница вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и кримналот,одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одговарајќи на пратеничко прашање.

Тој рече дека во серија акции на Царинската управа се запеленети 146.278 килограми необработен тутун, за што веќе се поднесени и кривични пријави.

Одговорајќи на прашањето од пратеникот Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ, Николовски посочи дека Царинската управа и другите надлежни институции, за ваквите акции постапуваат навреме и неселективно.

-Пред  вам да ви текне или да излезете во јавност, бевме првите кои неселективно, бескрупулозно излеговме и констатиравме не за бројките кои вие ги кажувате вие, туку дека се запленети 146.278 килограми тутун, внесен во државата како необработен и е пуштен незаконски во промет. Веќе се поднесени кривични пријави по основ на неплатена акциза од близу 5 милиони евра вкупно и тоа е веќе направено за сите случаи каде е констатирано во претходниот период. Во вашите соопштенија мешате шепедиции, па како бил внесен тутунот, преку кого. Ве повикувам точно да проверите каде и преку кој шпедиции се внесе па натаму да си отворат институциите постапки и со кого се поврзани тие шпедиции и целосно да излезете јасно без прашалници во вашите партиски соопштенија и прес- конференции, туку да дадете докази за она што како лага како конструкција сакате постојано да го правите, рече вицепремиерот Николовски.

При тоа, Николовски порача дека е лицемерно ВМРО ДПМНЕ да зборува на тема борба против корупција и криминал, а заборава на случаите во кои се вмешани кадри на ВМРО ДПМНЕ.

-Да ме поврзувате мене со овој случај, е исто како да ме поврзете со случаите во едно школо во Кочани каде што три пати поголеми трошоци се направени за превоз на ученици, а вие сте биле директор. Исто како што можете да ме поврзете за тој случај така може и за овој и мислите дека некој ќе верува за вашите лаги и вашите измислици на сето она што го изнесувате во серија, е заради тоа што ви смета борбата против корупцијата и криминалот која што силно погодува во вашите редови и промените кои настануваат во системот. Знам дека процесите на модернизација и на развој, на демократизација во СДСМ и во државата многу силно ви сметаат, но, граѓаните тоа го гледаат и повторно ќе ја испорачаат казната, рече Николовски.

Воедно, во одговорот на пратеничкото прашање, вицепремиерот Николовски, порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за земјоделците, за тутунорпозиводителите, заради тоа што за разлика од време на режимот во тие 11 години кога се исплаќаа субвенции со партиски книшки, сега  од првата годината од мандатот, се зголемија субвенциите и се воведе нов модел за повисоки субвенционирање,  а субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот