Николовски во Ротимље: Се остварува визијата на Трајковски за мир и единство, членството во НАТО и евроинтеграција

Фото: mia.mk

Делегација на Владата составена од вицепремиерот за борба со корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска присуствуваа во Ротимље, БиХ на одбележувањето на 17-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковскичленовите на неговиот кабинет и на екипажот на авионот, кои на тоа место трагично ги загубија животите на овој ден во 2004 година, соопшти владината прес-служба.  

Секогаш ќе го паметиме како човек кој имаше визија за успешна Македонија, како човек кој беше умерен реформатор и миротворец. Секогаш ќе остане запаметен и по неговата клучна улога како предводник на дијалогот за мирно решавање на конфликтот во 2001 година, со кој се стави крај на оружените дејствија и се спречи тенденцијата за граѓанска војна во државатаСо голема умереност во етничкиот дијалог, расправајќи за поголема вклученост на етничките Албанци, претседателот Трајковски одигра клучна улога во решавањето на конфликтот, како и во процесот на помирување и склучувањето на Охридскиот рамковен договор, истакна Николовски на положувањето цвеќе на спомен-обележјето во Ротимље.

Додаде дека лидерските вредности на Трајковски беа од исклучителна важност во еден тежок период во кој се наоѓаше нашата држава и дека денес се остварува неговата визија за европска интеграција, за членство во НАТО, за грижа за граѓаните, единство, мир и стабилност.  

Ги исполнуваме неговите ветувања за стратешките цели на државата. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер и сојузник. Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО. Го трасиравме патот и на чекор сме до влез во Европската Унија. Нашата држава е пример во регионот за единство, соживот и мирИ денеска овде во Мостар, на спомен-обележјето, ги продолжуваме неговите заложби и го потврдуваме големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина и ја испраќаме пораката за меѓусебна соработка, меѓуетничка толеранција, за мир спокојство и стабилност, рече вицепремиерот Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот