Николовски: Во борбата против корупцијата никој не смее да биде заштитен

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вицепремиерот Николовски, посочи дека примените на законите мора да продолжат, да се коригираат и отстранат сите системски слабости.

Во борбата против корупцијата никој не смее да биде заштитен, во секој еден случај мора да има одговорност, ќе бидам силен коректор кој ќе создаде пракса која ќе ги охрабри граѓаните, а функционерите ќе ги сфатат своите морални и етички одговорности“, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во вечерашното интервју во емисијата „Само интервју“, на телевизијата Канал 5.

Вицепремиерот Николовски, посочи дека примените на законите мора да продолжат, да се коригираат и отстранат сите системски слабости.

-Мојата улога е да ги координирам институциите задолжени за борба со корупцијата и криминал во извршната власт, а тоа е еден од столбовите за договор со коалицискиот партнер. Да има ред во самите институции значи да имаме подобра економија, рече Николовски.

Николовски потенцираше дека мора сериозно да се наметнеме темата уште во првите 100 дена за прочистување на судството и проверка на имотот на сите функционери.

Осврнувајќи се на работата на министрите и директорите, како и за намалување на дискреционите права на функционерите потенцираше дека ќе бара од сите министри и директори висока отчетност за нивната работа.

Директори на јавни претпријатија земаат поголема плата од претседателот и премиерот. Јавноста не ги знае, а имаат највисоки плати, највисоки привилегии. Не може да имаат такви примања тие директори и да не носат одговорност. Во нашето живеење се вкоренети навики каде се мора да е со протекции и врски. Баш против тие протекции ќе се борам. Дневно имам илјадници пораки од граѓани за ситни потреби. Тие самите се научени дека така полесно доаѓаат до решение. Јас одговарам на сите и ги процесирам тие работи колку што можам, но мораме да го промениме системот за да граѓаните почнат да веруваат дека преку системски и институционален начин тоа можат да го остварат. Сум бил министер и знам како се одвиваат внатре работите и се префрла одговорноста – не е до мене, до друг е. Мораме навиките да ги промениме секаде и затоа е оваа координативна функција воведена, рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот