Николовски во Битола: СДСМ победува и се менува

Целото раководство на СДСМ  е постојано и секојдневно на терен и покажуваме дека му служиме на народот и на граѓаните што е наша клучна, приоритетна и единствена обврска преку работата и преку институциите којшто ги водиме и позиците којшто ги имаме, рече денеска во Битола Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

– Навистина секој еден функционер треба да е сервис на граѓаните и затоа продолжуваме со нашата агенда на посети и средби низ целата наша татковина. Но, она што исто така е значајно заокружуваме еден битен и значаен процес за што денеска повторно во Битола ќе се сретнеме и во Општинската организација, а тоа е реевиденцијата односно ажурирањето на целокупното членство на партијата. Минатата сабота од Струмица соопштив дека завршивме со оваа постапка, ги посетивме и разговаравме со сите наши членови. Денеска во Битола ми е драго и чест да кажам дека овде во Битола е најголемото социјалдемократско семејство. Очекувам над 6.000 членови на партијата да бидат ажурирани, кои го потврдуваат своето членство, застануваат зад политиките зад програмата и зад ваков модерен и развиен СДСМ – рече Николовски.
Тој додаде дека СДСМ испраќа порака дека победува, но и се менува.
– На 10 март ќе го одржиме нашиот следен состанок на Центарлниот одбор по што ќе започне и постапката за евидентирање на предлози и кандидати за членови во највисоките органи на партијата.  На 21 март ќе ги имаме првите непосредни внатрепартиски избори. Тоа е врв на демократијата во една политичка партија, изборот на претседател да биде од страна на секој член којшто има право да гласа. Во Битола ќе имаме повеќе избирачки места и над 5.000 членови на партијата што веќе се регистрирани да гласаат. До денеска 5.222 членови на СДСМ во Битола пријавиле учество на непосредните избори на 21 март и како што кажав ќе следи постапка за кандидирање на најквалитетните, најспособните, најкапацитетните кадри за членови на Централниот, на Извршниот одбор на партијата, на Надзорниот одбор. И секако дека започнуваат и нашите подготовки за локланите избори – рече Николовски.
Тој додаде дека „СДСМ ваков модерен, отворен, дигитализиран , близок до граѓаните е фаворит на изборите и на централно ниво, но СДСМ е сериозен и убедлив фаворит за победа и во општина Битола којашто е исклучително битна“ и затоа верува во победа во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот