Николовски: ВМРО-ДПМНЕ е командувана од истиот центар во Будимпешта, избори 22 дена по завршување на вонредната состојба (ВИДЕО)

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски гостуваше во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ каде брифираше за новите околности по завршувањето на лидерската средба каде повторно не се постигна договор за терминот за избори.

Проф. д-р Шкариќ предупреди на законската рамка, а тоа го потврди и Џафери со цел да не дојде до нов управно правен спор и можна компликација, сепак ставот на СДСМ е дека изборите треба да се спроведат 22 дена по завршување на вонрената состојба.

– Ние сме свесни за сите сценарија кои се можни и тоа дека Собрнието не може да се врати во нормална работа. Сите релеванти чинители кажуваат дека сега е моментот кога стивнува короната и се создадени услови. Џафери постојано предупредува и ги изнесува своите ставови од формално правен аспект во поглед на тоа дека партите ги договараат термините за избори. ВМРО се дел од техничката влада и сега останува само дали ќе бидат дел од кампањата, а не за бојкот. Единствена можност е 22 дена по завршување на вонредната состојба, а препораките за мислењата од институции кои Мицковски ги бараше, ги доби вчера, рече генералниот секретар на СДСМ.

СДСМ одбива билатерално да разговара со ВМРО-ДПМНЕ околку терминот за избори?

– Апсолутно не. За жал вчера заради незрелото однесување на Мицкоски кој ги бараше овие лидерски средби, прифативме да купат една недела, а сега негираат зошто ОБСЕ вратиле во рок од 1 ден. Се бега од реалното соочување. Со ова ја носат државата во нова политичка криза и затоа се подготвуваме за избори.

Немаше консензус. Сите аргументи се избиени. Не може да се купува ново време на штета на здравјето на граѓаните. За македонската економија изборите треба да се случат во првиот можен момент. Можен е нов пик по отворање на граници, во тек на новата учебна година, ние мора да научиме да живееме со овој вирус. Сосема неодговорно е сега да се барат нови изговори, а вчера имаше и различни ставови во самата ВМРО-ДПМНЕ, рече Николовски.

Николовски потврди дека наредните два месеци се идеални за избори според препораките на Стручната комисија.

– Стручната комисија ги потврува фактите според кои пандемијата е сега под контрола. Се зголемуваат капацитетите на здравството, но не го потврдуваат тоа и за септември, но барањето на Мицкоски е да има 0 заболени и да нема заразени и починати во кампањата. Тоа ни СЗО не може да го гарантира. Граѓаните сметаат дека тоа е неодговорно и незрело и затоа постои страв од соочување со граѓаните, додаде Николовски истакнувајќи дека во целиот регион периодов ќе има избори.

За нас е јасно дека после две лидерски сдедби и купување на време сме излегле во пресрет, за да вчера ги порекнуваме и ги негираме. Тоа збори за неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ. За нас гласањето ќе биде сто посто безбедно и да го фатиме бранот на економски мерки, бидејќи прогнозите на Светска банка се дека добро се справуваме и најмалку ќе ги осетиме последиците и затоа согласно Уставот и законот изборниот процес кој е започнат треба да продолжи, истакна Николовски.

Кон мислењето на опозицијата дека СДСМ нема стратегија се придружија и коалиција на помали невладини синдикати.

– Граѓаните справувањето со здравствениот дел го оценија како многу одговорно. За почеток ВМРО-ДПМНЕ се исмејуваше на оваа криза, многу несериозно. Поднесуваа кривични пријави за Филипче. Сега на ред се економските мерки, затоа ни требаат легитимни институции. Целокупниот сет мерки над 355 милиони евра е континуитет на првиот и вториот кои добро се реализираат.

За нас е јасно СДСМ е одговорна партија и го поттикнуваме консензусот и компромисот. Во претходните периоди, 10 години Груевски соопштуваше дека доаѓа од Будимпешта со одлука дека оди на избори, сега таа политичка партија е командувана токму од истиот центар. Тоа не значи дека ќе ја носиме државата во нова политичка криза. Доколку нема договор за нов датум за избори тие ќе бидат на 22 дена по завршување на вонредната состојба, поентираше Николовски.

Погледнете го целиот разговор:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот