Николовски: Владата од 2018 година неколкукратно ги зголеми платите на медицинските сестри

На меѓународниот Ден на медицинските сестри, заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски се сретнал со медицинските сестри вработени во Струшката Општа Болница.

– Лично и од срце им изразив благодарност за нивната пожртвувана, храбра и несебична работа, за нивниот придонес за здравјето на граѓаните, особено во борбата против пандемијата со коронавирусот.

Симболичната донација е за носителите на главната улога во оваа пандемија.

Трудот на медицинските сестри денеска е ценет како никогаш досега. Оваа Влада, започнувајќи од 2018 година до денес, неколкукратно ги зголеми платите на медицинските сестри.

Ви благодариме за придонесот во ова комплексно време и нека ви е честит денот, стои во објавата на Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот