Николовски: Владата и СДСМ целосно посветени на евроатлантската интеграција – Слободен печат
ВестиМакедонија

Николовски: Владата и СДСМ целосно посветени на евроатлантската интеграција

Според него, додека СДСМ и нејзините капацитети се целосно фокусирани во тој правец, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во минатото.

Владата, премиерот и СДСМ се целосно посветени на евроатлантската интеграција, изјави денеска генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека е истечен рокот за формирање работни групи за забрзување на процесот за добивање датум.

– Не сум запознаен за каков тип на работни групи се работи, меѓутоа она што го прави Владата, она што го прави претседателот на Владата и партијата е целосна посветеност на евроатланската интеграција. Земјата којашто пред две години беше заробена, изолирана денеска е најсветол пример, посочен од сите меѓународни истанци и оваа земја е земја којашто се зема како пример и во решавањето на сите проблеми, но и во делот на добивањето на најпозитивен и конкретен извештај за напредокот на земјата кон ЕУ, истакна тој.

Според него, додека СДСМ и нејзините капацитети се целосно фокусирани во тој правец, ВМРО-ДПМНЕ е заглавена во минатото.

– Од другата страна имаме политичка партија која што е заглавена во минатото во една изолирана земја, режимска земја, партија којашто не понуди досега ниту кадровски, ниту програмски, ниту било какви други промени или капацитети и потенцијали. Нивна единствена цел е да нема правда во државата, да ја опструираат правдата и владеењето на правото без ниту една друга цел, напротив спроти една таква структура која што не нуди никаква перспектива на земјата, ние сме далеку од тој правец и еве како што гледате и денес, не само што ја одглавивме, не само што земјата е светол пример, не само што имаме огромни економски резултати, туку за дел од пораките на граѓаните упатени на последните претседателски избори презедовме акциски план за отстранување на нашите слабости и целосно фокусирање кон она што се потреби на граѓаните, изјави Николовски. 

Тој додаде дека СДСМ како модерна, европска политичка партија ќе биде целосно прилагодена на потребите на граѓаните. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close