Николовски: Слободата што ја имаме не дозволува да се кријат предмети, секој што е одговорен ќе се соочи со правдата

Фото: Влада на РСМ

„Помина времето кога инситуциите не можеа ни имиња да спомнат на функционер, а не да влезат во други институции и да истражуваат. Непоколеблива е борбата против корупцијата и криминалот, и тоа е очигледно, почитувајќи ја презумпцијата на невиност. Ова со Рашковски потврдува дека нема недопирливи, институциите се последни, тие ќе кажат, ние во ниту еден момент не можеме да се мешаме во нивата работа. Затоа бараме и овој и кој било друг случај да се расчисти. Сите документи се доставени до истражните органи, и во фер и коректна постапка да се открие што се случило дали има вина или нема. Но, гледаме дека постојано се отвораат постапки, слободата која ја имаме не дозволува да се сокриваат предмети, нема селективност во тој дел. Институциите да бидат охрабрени, кои претходно беа покриени од режимот, кога еден човек беше и полицаец и обвинител и судија и тогаш видовме каква борба имаше против корупцијата, тогаш ВМРО ДПМНЕ не покренуваше постапки за своите, но сега, кога ги отворивме институциите, секој случај може да се реши до крај.“- изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, во вестите на Сител.

Тој вели дека имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните.

„Воведуваме нов систем и ова е целосна трансформација на општеството. Во моментот изјави за состојба со имотот и изјава за судир на интереси даваат избрани или именувани лица и функционери, но сега со измените кои се предвидуваат, а врз база на компаративни анализи, и раководните структури во институциите, како инспектори, цариници, вработени во катастар, во УЈП, секаде каде граѓаните оставруваат права, а е можна корупција, и тие да имаат обврска да поднесуваат изјави за имотната состојба. Да знаеме дали некој од катастар има тесна соработка со некое приватно биро за катастар, дали некој инспектор има своја сопствена фирма, да ги пријават акциите, уделите во фирми, имотот, и сметаме дека треба да се следи и нивната состојба и со тоа да придонесеме да се намали корупција, за која треба широк опсег и многу мерки.“посочува  Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот