Николовски: Сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот

Со големо жалење ја примив веста за смртта на повредениот овчар од кратовскиот регион. Денеска се пратени дописи во кои побарав детални извештаи за случајот од градоначалникот на општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР, напиша на својот фејсбук профил, Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Николовски во објавата дополнува дека освен детални извештаи, за трагичниот настан од ЦУК и од МВР побарал да спроведат внатрешна контрола, за постапувањето на надлежните службеници за случајот.

– Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот, секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност, пишува тој.

Посочува дека во вакви случаи не постои фразата „не сме надлежни“, сите сме надлежни кога е во прашање човечки живот, како што вели тој.

– Неприфталиво и недозволиво е во 21 век, да се носи човек на носилики, а институциите да не можат да детектираат како и на никој начин да се постапи во конкретни животозагрозувачки случаи, апелира Николовски. Николовски во објавата која ја сподели вечерва на својот фејсбук профил повика на итно лоцирање на одговорност, соодветни мерки, санкции и расчистување на случајот. Одговорност за смртта на 63-годишниот жител на кратовското село Емирица, кој изутринава го загуби својот живот во болницата во Штип, откако беше пронајден во тешка здравствена состојба, по што пет часа бил носен на раце низ тешко прооден планински терен за да се спаси неговиот живот, побара и Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања, исто така во објава на својот фејсбк профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот