Николовски: Работиме силно на враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните

Љупчо Николовски / Фото: Рики Пејковски - Слободен печат.

Радува фактот да се биде тука во Крива Паланка особено поради тоа што дел од жителите со неверување гледаа во реализацијата на овие проекти, зашто довербата во институциите и системот и Владата беше изгубена и ние имаме обврска да работиме на враќање на довербата и носење клучни, крупни инвестиции во овој регион, рече вицепремиерот Љупчо Николовски денеска од Крива Паланка, при посетата на општината и на реализирани инфраструктурни проекти.

Истакна дека особено се радува на засилувањето на реконструкцијата на патот Крива Паланка-Деве Баир, на експресниот пат, за кој очекува со нов импулс од новиот министер Бочварски кој ја познава материјата да се даде нова енергија и можност за регионот, во кој се работи и на големите капитални проекти за поврзување на Коридорот 8 што ја поврзува државата со Република Бугарија.

– Станува збор и за железничкото поврзување и на патно поврзување на РС Македонија и Бугарија, за кои стратешки проекти стаса директна потврда и од еврокомесарот Вархеј, како стратешки проекти и на Европска унија, додаде Николовски.

Николовски рече дека како потпретседател на Владата за развој и антикорупција ќе даде силна поддршка на општината за слевање значајна финансиска поддршка на регионот и на граѓаните да ја почувствуваат грижата од државата, да почувствуваат бенефит преку програмите за рурален развој, на АФПРЗЗ, преку Министерството за земјоделство и сите програми кои ќе поддржат крупни, значајни проекти за овој регион.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот