Николовски: Публиката ќе мора да усвои нова етика на однесување (ВИДЕО)

По неколку месеци пауза се реактивираше Младинскиот културен центар во Скопје со програми што не се онлајн. За викендов најавуваат филмски проекции на отворено „Кино на трева“ и други настани.

„Полека почнуваме со креација, со реализација на програмата. Се активираме на отворен простор, во паркот зад МКЦ, каде ќе има проекции на два филма вечерва и утре. Пред две недели започнавме со галериската дејност, што значи дека полека се враќаме во форма. Вечерва во галеријата имаме отворање на изложбата на Весна Ничевска.

Секако сите настани ќе бидат реализирани со максимално почитување на Протоколот на заштитните мерки пропишани од здравствените власти. Ќе се трудиме максимално да ги почитуваме и на публиката да ѝ наметнеме една нова етика на однесување на настаните“, рече Филип Николовски, програмски директор на МКЦ во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој рече дека Протоколот за организирање настани е прилично обемен и детален и ги дефинира позициите од влез до излез на публиката и се труди да ја едицура публиката да ги применува мерките за заштита.

Николовски ги најави и планираните настани на МКЦ: „Џез крај Вардар“ на 23 и 24 јули, одбележување на 26 јули, денот на скопскиот земјотрес, а во текот на август планирано е да се одржат фестивалите „Здраво млади“ и „Прво па женско“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот