Николовски: Првичните резултати покажуваат големо водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“ (ВИДЕО)

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на прес-конференцијата одржана во хотелот Белви по затворањето на избирачките места се заблагодари на граѓаните и институциите и најави победа на предвремените парламентарни избори.

-Денеска имавме мирен и здравствено безбеден изборен ден како што доликува на демократска држава и следен преговарач со ЕУ. Благодарност до сите граѓани, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19. Чинот на гласање е наша одговорност и наш влог во демократскиот прогрес и напредок, Сведоци сме на професионално спроведен изборен процес. Треба да бидеме горди. Потврдуваме дека нашите институции може да се носат со сите предизвици и да обезбедат слободен, фер процес. На членовите на избирачките одбори и претставници на изборните комисии и полицијата и здравствени работници и сите останати им благодариме. Очекуваме првични резултати. Очекуваме резултатите да ги потврдат бројните анкети за кои бевме сведоци во текот на кампањата. Првичните резултати покажуваат големо водство на СДСМ и коалицијата. Очекуваме сигурна победа на нашиот концепт кој води напред и европска интеграција. Во оваа прилика им благодарам на граѓаните и институциите за тоа што денот мина во најдобар ред. Очекувам и другите политичи субјекти да честитаат за успешно спроведениот европски изборен процес, рече Николовски.

?[Во живо:] Изјава за медиуми на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

?[Во живо:] Изјава за медиуми на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Publiée par СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија sur Mercredi 15 juillet 2020

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот