Николовски: Промена на Устав или брзи реформи и членство во ЕУ за промена на Договорот од Преспа

„Ние гласавме за НАТО и сме силни поддржувачи. Тоа е фундамент на нашето постоење уште пред нашето формирање. Сите бевме свесни дека договор со Грција е потребен. Не затоа што сакаме, туку затоа што тоа беше реалноста“, изјави Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Сепак, според него ваков договор е апсолутно најлошиот што Македонија можеше да го добие.

„Наше полно право како политичари е да се бориме за она што е подобро. Ние кажавме кои се условите за тоа да го направиме“, вели Николовски.

Тој вели дека едната варијанта е со промена на Уставот, доколку добијат двотретинско мнозинство.

„Втората варијанта е да се седне на иста маса со Грција. Се знае како се седнува на иста маса – со брзи реформи и членство во ЕУ. Тие се двата начина на кои што можеме да се бориме. Во исто време никако не можеме да бидеме против нашите принципи – еден од фундаментите на партиите е западното сојузување“, изјави Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот