Николовски: Приклучете се на маршот „Чекориме за правда“

Николовски ги повика граѓаните да се придружат на Маршот „Чекориме за правда“ кој започнува денеска во 18 часот.

„Нашата заложба за градење на силни, независни и професионални јавни обвинителства – успева. Собранието со потребното мнозинство пратеници го усвои Законот за јавно обвинителство. Ставивме уште еден темел на неселективната правда и на правосудство кое гарантира одговорност и казнивост за секој којшто го прекршил законот“, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој им честиташе на пратениците кои го поддржаа Законот за ЈО и вели дека огромното мнозинство во Собранието покажа дека иднината на земјата е поважна од партиските тактики.

„Нема веќе простор за криминални структури и за политичари кои поддржуваат криминални интереси. Тие што се дрзнаа да го кочат напредокот на државата – изгубија! Извршителот Мицкоски и неговиот шеф Груевски се поразени од пратениците, од народот, од СДСМ и од сите политички и граѓански сили кои и мислат добро на сопствената земја“, рече Николовски.

Николовски ги повика граѓаните да се придружат на маршот „Чекориме за правда“ кој започнува денеска во 18 часот.

„Тргнуваме од Собранието – и завршуваме пред комплексот судови – таму ја упатуваме нашата порака. Следува прочистување на правосудството. Тоа имаме да порачаме и за тоа бараме поддршка, од вас од граѓаните! Ве повикувам сите праведољубиви граѓани, да ни се приклучите. Се гледаме во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда.“, вели Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот