Николовски: Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе го разгледа донесувањето на Законот за ЈО

Како ново раководство на ВМРО- ДПМНЕ сакаме да наметнеме еден друг стил на однесување, мислам дека доста и е на Македонија од целата таа напнатост. Емитувањето на првите прислушкувани разговори беше во февруари 2015, сега е февруари 2020 – политичката криза трае 5 години, така што е неодржливо за било кого да продолжи оваа политичка криза. Мислам дека и ние и СДСМ ги „збудалевме луѓето“. На Македонија и е потребна стабилност и мир. Како и да завршат изборите треба да заврши кризата и да имаме еден дух на соработка во годините кои што доаѓаат“, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разгледа сите можности.

– Долго време бев пратеник и како пратеник ваква работа се нема случено. Закон да не биде изгласан, а претседателот да каже ова не важи затоа што не ни одговара – вели Николовски.

Николовски смета дека Уставниот суд е една институција која мора да се изјасни по оваа работа, како одговор на прашањето кои се правните инструменти што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бара околу проценката на постапката на гласање во Собранието околу Законот за ЈО.

– Било кој функционер надвор од Македонија секако дека ги гледа резултатите – резултатот е дека законот е изгласан, а каква е содржината на законот, секако дека ќе се цени доколку се отворат преговорите. Она што ме загрижува, мислам дека ќе има поларизација на нашите поддржувачи. Од една страна социјалистите, од друга страна десничарите од ЕНП. Тие пораки биле злоупотребувани во минатото, не гледам дека ќе биде и сега поинаку. Многу имаме за менување по изборите, вели Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот