Николовски: После 15 јули продолжуваме да градиме и да создаваме за сите (ВИДЕО)

После големата победа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ на 15 јули, веднаш наредниот ден ќе ги засукаме ракавите и ќе продолжиме да градиме мостови како мостот „Иднина“, затоа што нема да има жални врби, и барок и споменици. Којзнае колку мостови, како овој овде во Штип, лежат во барокот на ВМРО-ДПМНЕ, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“, од вечерашната трибина во Штип.

-Ќе го изградиме еден од најкапиталните проекти за Штип, сон за сите генерации Браната Отиња. Колку вакви брани можеа да бидат направени ако го немаше Скопје 2014 или ако не се изнесуваа парите на Белизе на криминалците. Ќе градиме детски градинки, филтер станици, нови базени, патишта, затоа што покажавме дека се работи упорно, чесно и домаќински“, порача Љупчо Николовски.

Тој нагласи дека кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ е без ниту една дамка и има право да ја бара поддршката од Штип и од цела ИЕ 3.

-Затоа што покажавме дека две и пол години се многу повеќе од 11 години. Од најизолирана, раскарана држава денеска имаме стратешки партнери. Благодарение на храброста на Зоран Заев. Затоа е јасно дека победата ќе дојде и од ИЕ 3. На 15 јули граѓаните нема да се враќаат назад, ќе го продолжат овој европски пат, пат на иновативна и еколошка земја. Ги менуваме вредностите и воведуваме нови политички стандарди. Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ само ја врати меморијата на граѓаните дека тие сакаат да го вратат Груевски. Тоа се негови кандидати, нудат обнова на режимот, криминалот, стравот, корупцијата- рече Николовски во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот