9 C
Скопје

Николовски: Помина времето кога државата се користеше за лично и партиско богатење

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска како неточни ги отфрли информациите дека фирма блиска до него добивала тендери од државата и остварувала високи профити, како и дека работела надвор од законските можности за вршење на плаќањето.

Одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Игор Јанушев, Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лаги и манипулации во немање на вистинска понуда за граѓаните.

–  Продолжувате со исто темпо и навики. На СДСМ му одговара, што немате концепт понуда и конструктивност, а продолжувате со лагите. Лажевте дека братот на Љупчо Николовски е вработен во царина и цела година го правевте тоа, па дека чичко му го вработил во МНАВ, а Љупчо не бил роден кога чичко му работел во М-НАВ , па како може нероден човек да вработи или ургира. Продолжувате со низа лаги и конструкции, му припишувате сопственост на успешни компании во Крива Паланка. Ако за она што денеска го зборувате имате каков било документ или докази слободно дадете ги на институциите – УЈП, ЈО и сите други надлежни, рече Николовски.

Прочитајте и...  Кипар планира да вакцинира над 60 отсто од граѓаните во првата половина од годинава

Вие, додаде тој, десет дена зборувате за некаква фирма на братот на Љупчо Николовски во 2017 и 2018 година, а тој не бил ни вработен во таа фирма, тој 15 години работи во друга шпедиција, 15 години професионално работи во приватни шпедиции и тоа му е основна егзистенција.

Според Николовски, неточни се тврдењата дека поради тоа што наводно е негов брат, таа фирма добивала тендери и имала раст од 2100 проценти во време на пандемијата. За неколку денови, рече тој, ќе има завршни сметки и видете каква е вистинската состојба.

– Продолжувате со лаги дека добивала државни тендери. Таа фирма нема добиено ниту еден денар на државен тендер, на ниту една постапка од државна фирма или слично. Помина и познато ни е времето кога преземавте фирми, кога уценувавте, кога се формира наменски фирми во секоја општина за да правите бизниси со државата. Тоа го правевте со години, а сега зборувате за фирма која има 40 години традиција, рече вицепремиерот Николовски.

Прочитајте и...  Експерти на ЕМА во Москва ја проценуваат вакцината „Спутник В"

Вицепремиерот нагласи дека е горд што сите членови на неговото семејство работат приватно или земаат пензија и што, како што рече, не злоупотребуваат ниту денар од државата, како и дека тој ги донира своите дневници таму каде е потребно.

– Помина времето кога праќавте инспекции или преземавте фирми. Вие тогаш изнајмувате автобуси од ЈСП на ВМРО-ДПМНЕ по пониски цени, склучувавте криминални договори за маркетинг, набавувате автобуси со милиониски провизии и вие сега имате образ да зборувате за криминал или корупција, рече Николовски обраќајжи му се на Јанушев.

Јанушев го праша Николовски дали знае дека неговиот брат преку фирма наплаќа готовина без да издава фискална сметка, со што се кршат закони. Прито презентираше фотокопија на некаква каса-прими обрзец, за кој тврдеше дека е од фирма што е во сопственост на братот на Николовски. Јанушев го праша Николовски „дали е свесен за криминалот кој што се прави и дали за тоа ќе се поведе одговорност”.

Прочитајте и...  Протест на „Ивент индустријата": Бараме грантови, не работиме веќе 14 месеци

Поврзани вести

Фајон: Завршувањето на планот за мирно распаѓање на БиХ може да доведе до нова војна на Балканот

Слободен печат

МЗ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови и реагенски за ковид 19

Слободен печат

Заев и Спасовски на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаа Светиот месец Рамазан

Слободен печат

Владата напладне ќе ја одржи редовната 65-та седница

Слободен печат

Вики Димчевска, агент за недвижности, револтирано: Самопрогласени агенти го уриваат угледот и долгогодишното децениско работење на вистинските и професионални агенции

Ана Анастасовска

Зариф во писмо до Гутереш: Инцидентот во Натанц е нуклеарен тероризам

Слободен печат

Остави Коментар