Николовски: Пауновски е разрешен согласно законот и етичкиот кодекс

Разрешувањето на Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, соопшти денеска вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Според Николовски, во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, се уште не е одлучено кој ќе дојде на местото на Пауновски.

-Постапено е согласно закон и согласно Кодексот. Прекршени се членовите 4 и 6. Кодексот не може да важи за еден, а за друг да не важи. Како што во 20-на други случаи е постапено од нашат страна се констатирања прекршувањата на Кодексот и од страна на Кабинетот е доставено писмено известување до премиерот, согласно процедурата дефинирана во Кодексот, со сите опции кои ги дефинира членот 23 во случај на прекршување. Од страна на премиерот беше предложено на Влада да се покрене постапка за разрешување согласно член 10 од Законот за Државниот пазарен инепскторат. По тоа е постапено и во следните неколку денови ќе се назначи в.д. директор за да може особено сега во овој период кога се очекува олабавување на мерките, Пазарниот инспекторат да функционира непречено. Моментно нема нов в.д. директор. Во наредните денови ќе видиме кога ќе има седница на Влада, ќе биде предложен нов в.д. директор и кога ќе биде именуван веднаш ќе ја информираме јавноста, објасни Николовски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во МЗШВ.

Николовски потенцира дека Владата, согласно Информацијата за јакнење на капацитетите на сите инспекторати донесена на 43 седница, на ДПИ му дал 22 согласности за вработувања инспектори во Скопје, Струмица, Штип, Берово, Делчево, Крива Паланка, Битола и Прилеп.

–  Се гордееме што направивме длабинска анализа со измените во законодавството, во делот на контролата и санкциите, но и што навремено, пред кој било друг и пред што било друго, на Пазарниот инспекторат сме му дале 22 согласности, токму за јакнење на капацитетите. Тоа ќе продолжиме да го правиме со сите инспекторати, нема да скршнеме од определбата за нивно јакнење, подвлече Николовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот