Николовски: Одлуката за разрешување на Димова останува на Заев

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Љупчо Николовски вицепремиерот за борба против корупција оставил предлог до премиерот Зоран Заев со кој бара разрешување на директорката на Националната агенција, Лидија Димова, по скандалот за разределбата на европски пари, потврдуваат од владата за тв 24.

-Денеска го поднесов мислењето до претседателот на Владата, со коешто барам од страна на  претседателот на Владата изрекување една од мерките, согласно етичкиот кодекс, а тоа е политичка одговорност, односно барање на оставка или разрешување на директорот на Националната агенција, Лидија Димова. Имав средба со Управниот одбор, поради длабинско и целосно запознавање со состојбите. Очекувам разрешница, дека институциите ќе ја утврдат вистината – велат од Владата за ТВ 24.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска уште еднаш побара од Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да отворат истрага за случајот со директорката на Националната агенција за за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

Арсовски: Рускоска и Јовевски да отворат истрага за злоупотребата на европски пари

Николовски најави разрешување за Димова по скандалот за распределба на европски пари. Истрага отвори и Европската комисија, но и финансовата полиција.

„Пирамидата во Еразмус“ – Злоупотреба тешка 2,2 милиони евра преку наместени јавни набавки (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот