Николовски од Македонска Каменица: Минималната плата не е само бројка, во ВМРО тоа не го разбираат (ВИДЕО)

Македонска Каменица е многу убав пример како може живтотот за само две и пол години да се смени на подобро. Ова рударско место е доказ дека СДСМ работи буквално за сите, дека го унапредуваме животот на сите и дека нашиот Исток веќе не е заборавен, изјави генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски. 

-Ја исправаме неправдата што со години им беше нанесувана на рударите, во делот на нивното пензионирање.

Ветивме и реализиравме намалување на старосната граница за пензија за рударите коишто работат во подземен коп, и тие сега наместо на 58 можат да се пензионираат на околу 50 години. 

Досега според оваа мерка во пензија се заминати над 100 рудари. На овој начин се грижиме за рударите чија работа е исклучително тешка, но истовремено отвораме и нови работни места.

Го решивме и проблемот со стечајците, речиси 12.000 стечајни работници ќе добиваат месечен надомест од 8.000 денари до нивното пензионирање.

Можеме повеќе и со минималната плата. Таа беше 9.000 денари, срамота!

Минималната плата не е само бројка. За некого е тоа живот! Во ВМРО тоа не го разбираат. Татини синови со длабоки џебови не го знаат тоа. Минималната плата ја држеа на 9.000 денари! Тие нека кажат како да преживее некој со 9.000 денари и деца да школува, да ги нахрани и облече? Заврши тоа време.

Сега е 14.500 денари, а до крајот на следниот мандат ќе ја зголемиме до 20.000 денари!

Епа навистина има разлика!

Има разлика и во тоа што не шепкаме по улици и во кафани. Има слобода луѓе драги! Слободата, она најосновно нешто во животот ни го зедоа и успеавме да си го вратиме назад! Знаете ли на колку луѓе цели бизниси им украдоа???

СДСМ носи решенија за проблемите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ носи обнова на режимот и го враќа назад Груевски.

Со СДСМ иднината е сигурна, тоа е иднина во ЕУ и НАТО, иднина со повисоки плати, со стабилна економија, иднина со осигурано здравје на граѓаните.

Понудата на СДСМ на овие избори е понуда која носи план за успешно справување со последиците на корона кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок, подготвивме мерки кои обезбедуваат ред, правда и дисциплина.

Јавноста е сведок кој носи антикризни мерки за помош на работниците и економијата, а кој по налог на Мицкоски блокира средства од 90 милиони евра од Светска банка.

Затоа на 15 јули направете го паметниот избор, рече Николовски во изјава за медиуми во Македонска Каменица. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот