Николовски од Кочани: За шест години ќе го затвориме преговарачкиот процес со ЕУ, а европското право ќе се преведе на македонски јазик

На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им остана ништо друго освен ширењето лажни вести дека сме го губеле јазикот и идентитетот, но единственото нешто што губиме се остатоците од нивниот режим што нè врати назад со децении, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме” во ИЕ 3, Љупчо Николовски при денешната посета на Кочани.

– До 2024 година ќе отвориме 80 отсто од поглавјата за интеграција во ЕУ, за шест години ќе го затвориме преговарачкиот процес, а ова фејк-њуз ВМРО-ДПМНЕ со својата ароганција, диктатура и надменост тоа не би можело да го испорача ниту за 66 години. Во преговарачката рамка на ЕУ јасно е наведено дека јазикот на којшто ќе треба да се преведе европското право и законодавство е македонскиот јазик и поголемо признание и потврда нема. Македонскиот јазик е наведен во нашата лична карта во ОН и тој е јазикот со кој водиме меѓународна комуникација и склучуваме меѓународни договори и со Грција и со Бугарија. Додека целиот свет нè признава и го потврдува нашиот идентите и македонски јазик, самото раководство на ВМРО-ДПМНЕ својот народ го нарекува со изразот „северџани”, па нека им служат на чест сите лаги и измислици, истакна Николовски.

Прочитајте и...  Уште една жртва на корона кризата - банкротираше најстариот трговски центар

Тој побара поддршка од граѓаните за нов мандат на коалицијата „Можеме”, за, како што рече, да продолжи процесот на приклучување кон ЕУ и пристапот до отворените европски фондови.

– Со дадениот глас за нас ќе обезбедиме 2,5 милијарди евра од фондовите што ни се на дофат, а тоа се повеќе пари за справување со коронакризата, за новата македонска економија, за зелената агенда, за повеќе енергија, за конкурентноста и капиталните инвестиции, за патишта и инфраструктура и на Истокот и во целата држава. Тоа се европски пари за европски стандарди дома. Бараме од граѓаните да одберат меѓу Брисел и ЕУ, наспроти Хунзите, Белизе и Субрата Рој. Тоа е изборот на овие парламентарни избори, заклучи Николовски.

Прочитајте и...  Меѓу исчезнатите има и деца: Ураганот Исаија збриша цела населба, хаос во Њујорк и Вирџинија (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Цивил со осуда против насилството и делата од омраза

Слободен печат

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Слободен печат

„Букинг“ отпушта 4.000 вработени

Слободен печат

СДСМ и понуди на ДПА да биде дел од владината коалиција

Слободен печат

Пад на приходите на „Дизни“ за 42 отсто

Слободен печат

Букинг ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени

Слободе печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Одбележување Светска недела на доење – поддршка на доењето за поздрава планета

Слободен печат

Министерство за одбрана: Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

Слободен печат

Јужна Кореја прави сателит за следење на активностите на Северна Кореја

Слободен печат

Во тропска бура Исија на источниот брег на САД загинаа најмалку четири лица

Слободен печат

Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти

Слободен печат

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

Слободен печат