Николовски од Кочани: Докажавме дека може да се гради и инвестира во целиот Исток

За неполни три години докажавме дека може да се гради и да се инвестира во целиот Исток на државата, којшто беше заборавен од ВМРО-ДПМНЕ и режимот, истакна носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата „Можеме” во третата изборна единица, Љупчо Николовски при денешната посета на Кочани.

-Овде во Кочани за браната Речани, како дел од хидросистемот Оризарска Река,а се зборуваше уште во шеесеттите години на минатиот век, а таа почна да се гради токму во овој мандат на СДСМ. Овој капитален објект, во износ од 30 милиони евра, станува реалност и бенефит за целиот кочански регион. Со новиот чист мандат на СДСМ и коалицијата „Можеме” стапката на невработеност во државата ќе биде едноцифрена, затоа што ќе се вкалкуираат 2,5 милијарди евра во јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции со сериозна поддршка од ЕУ и новите фондови, рече Николовски.

Платите и пензиите, како што потенцираше, ќе продолжат да растат, а минималната плата ќе биде 20 илјади денари.

–  До крајот на нашиот мандат минималната плата ќе биде 20 илјади денари, односно повисока за 120 отсто од мизерните и срамни девет илјади на кои ја остави ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата ќе достигне до 34 илјади денари. Прашање е дали вистинските патриоти гласаат против зголемувањето на минималната плата, против мерката за „зелена нафта”, против враќањето на парите од ДДВ кај граѓаните, против законот за решавање на стечајните работници и против укинувањето на радиодифузната такса. Вистинските патриоти обезбедуваат влез во НАТО, признавање на македонскиот јазик во ЕУ и во целиот свет. Разликата меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ е голема и очигледна, затоа ги повикувам граѓаните да си обезбедат мир, стабилност, спокој, развој на овој регион и на целата земја, истакна Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот