Николовски: Од 1 јули 2022 година за граѓаните повеќе нема да има непотребни „бирократски процедури”

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски сподели убава вест од денешната владина седница. Имено станува збор за олеснувањето на бирократските процедури кое стартува од 1 јули 2022 година.

„Голем чекор напред во борбата против корупцијата, но и во модернизација на живеењето! Од 1 јули 2022 година за граѓаните повеќе нема да има непотребни “бирократски процедури”. Повеќе нема изговори дека недостигаат одредени документи, нема чекање на шалтери, нема губење време и чување предмети во фиока. Повеќе нема барање извод од матична книга на родени или имотен лист при промена на лична карта, заради склучување брак или купување стан. Податоците, наједноставно, ќе се повлекуваат директно преку Националната платформа за интероперабилност“, порача Николовски додавајќи дека со Информацијата која е  усвоена на денешната владина седница е  направивме чекор напред во олеснување на процедурите за сите граѓани.
„Продолжуваме понатаму, решително и цврсто, за функционален систем и институции.“ – дециден е Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот