Николовски: Наша следна задача е да ги вратиме младите и во Истокот и во целата држава

Откако Истокот веќе не е заборавен, откако овде се гради, се инвестира, нашата следна и најважна цел е да ги вратиме младите, да ги вратиме Македонците овде во Истокот, а да ги извезуваме нашите македонски производи, порача Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“ на вечерашната трибина во Кочани.

-Во 2016 година овде од Истокот ветивме дека ќе го вратиме и животот и ќе ги вратиме парите кај граѓаните. Тоа и го сторивме. Истокот од најзапоставен регион сега е регион кој најбрзо се развива. Во овој регион нема регионални патишта кои не се обновени, кои не се рехабилитирани, во овој регион се градат најголем дел од експресните патишта. Насекаде во кочанско се гради и тоа пример како локалната и централната власт, кога работат заедно, може да се инвестира и да се создава за граѓаните. Наша следна цел е да ги вратиме младите, да ги вратиме Македонците тука во Истокот, а од тука да ги извезуваме нашите брендирани македонски производи- порача Николовски.

Тој нагласи дека кога не се градат, споменици и скулптури, и не се трошат парите на реклами и на бронза, и кога не се изнесуваат во Белизе, туку се инвестираат во човечки капитал, кога се работи домаќински и одговорно Истокот може да стане регион кој силно се развива.

-За краток период покажавме дека не се инвестира само во инфраструктурата, како што е Браната Речани која е од исклучително значење за целиот регион во Кочани, туку покажавме и дека може да се покачуваат платите во сите сектори, во здравство, култура, социјала, образование. Повисоки плати добиваат и воспитувачките и вработените во армијата, но и парите се враќаат кај граѓаните- нагласи Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот