Николовски: На 15 јули одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад

Уште пет дена не делат од 15 јули, денот кога конечно ќе расчистиме со остатоците на режимот на Никола Груевски. Во среда одлучувате дали ќе се оди напред или ќе се враќаме назад, тогаш носиме голема и важна одлука, одлучуваме за сопствената иднина, посочи на денешната прес-конференција во Штип генералниот секретар и носител на листата во ИЕ 3 на коалицијата на СДСМ, Љупчо Николовски.

Според Николовски, граѓаните треба да излезат на гласање и да донесат големата одлука за европска, безбедна иднина, за да не се дозволи да се прокоцка шансата што ја создавале во изминатите овие три години.

Затоа е важно да се гласа. Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски? Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите.Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или Мицкоски ќе ги спасува Камчев и Груевски? Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија, рече тој.

Посочи дека ја бараат  поддршката, за нов чист мандат за да се продолжи напред уште побрзо, за конечно да станеме држава со вистински европски вредности, европски политики и европски стандард.

Сите оние што на 15 јули ќе останат дома, даваат придонес и шанса на власт да се врати Груевски. Тоа не смееме да го дозволиме. Нашата држава, нашите граѓани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт. Тоа ќе донесе хаос во државата. Замислете како ќе изгледаше справувањето со Ковид ако ДПМНЕ ја водеше владата. Погледнете што се случува низ земјите во регионот и Европа, рече тој.

На 15 јули вие одлучувате кој ќе ја води борбата со Ковид. Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на Мицкоски и неговите луѓе, рече Николовски.

Се обврзуваме пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа која ќе биде реформирана во наредниот мандат. Како што покажавме одлучност и патриотизам во решавањето на отворените прашања и во внесувањето на земјата во НАТО, со истата одлучност, страст и сила ќе донесеме правда и владеење на правото за сите. Единствената шанса да ја завршиме работата до крај и да донесеме правда, е со нов мандат на Влада предводена од Зоран Заев, вели Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот