Николовски му упадна, Димитров му врати: Опозицијата прави шум за да не ја слушнат граѓаните вистинската порака (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Додека траеше изјавата на Димитров, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се уфрли во неговата изјава и го запраша дали ќе поднесе во Обвинителството да се испита содржината на снимката објавена на Јутјуб меѓу црногорскиот бизнимен Миодраг Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец.

Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров  изјави дека денес е голем ден за правната држава и за жедта за правда на македонските граѓани, кога стапува во сила, како што рече, тешко донесениот двотретински Закон за ЈО, закон за којшто два еврокомесари и претходниот Хан и актуелниот Вархеј ни кажуваат дека е битен за нашата кандидатура во очите на Брисел, на ЕУ.

– Некои земји многу експлицитно бараа овој закон да биде донесен, како што е Холандија и посебно холандскиот Парламент, закон што после година и пол тешки преговори во обид за политички консензус се донесе со двотретинско мнозинство, меѓутоа без учеството на опозициската ДПМНЕ. Зошто велам голем ден? Прво, затоа што случаите поврзани со прислушкуваните разговори што ги истражуваше, подигнуваше обвиненија и одеше пред судовите поранешното СЈО заради овој закон нема да одат под килим. Второ, овој Закон овозможува јавните обвинители да не ги дираат политичките партии, туку самите обвинители, рече Димитров во изјава пред зградата на Јавното обвинителство.

Додека траеше изјавата на Димитров, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се уфрли во неговата изјава и го запраша дали ќе поднесе во Обвинителството да се испита содржината на снимката објавена на Јутјуб меѓу црногорскиот бизнимен Миодраг Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец.

-Како што гледате почитувани граѓани, имаме и упад во прес-конференција не баре ова е дебата. Ова само покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ  е да бега од правда. Овој театар очигледно покажува најпластично зошто упаѓате. Јас пред некој ден кажав дека опозицијата прави шум за да не ја слушнат граѓаните вистинската порака. Еве и на камера како се случува овој шум, рече Димитров.

Повтори дека ќе има правда за граѓаните и оти, како што наведе, нема да се симнува на тоа ниво.

-И покрај сите ваши театри и обиди ќе има правда тогаш кога убедливо ќе бидете поразени и кога вашата агенда да немате одговорност, почесниот претседател да ви бега од правосилна пресуда. Ми треба посебен човек што ќе ми води евиденција против кого се води истрага, против кого има обвинение и против кого има правосилна пресуда. Зборот правда бара образ и ќе го добиете. Граѓаните ќе ја добијат правдата. А на ова ниво нема да паѓам. Ви благодарам што се појавивте, му одговори Димитров на Стоилковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот