Николовски: Можен криминал во Боречката и Скијачката федерација

фото Архива

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доставиле документација која оди во прилог на можни злоупотреби во Скијачката и во Боречката федерација, што неговиот Кабинет ја добил како преставки за работата на овие две спортски федерации.

Агенцијата за млади и спорт, пак, повела дисциплинска постапка против самостоен инспектор, кој ја испитува работата на овие две федерации поради тоа што, како што велат оттаму, постојат сериозни индиции за одредени пропусти при вршењето на инсепкцискиот надзор.

– По анализа на претставките во врска со Боречката и Скијачката федерација веднаш побаравме од Агенцијата да биде спроведено детално истражување и на двата случаи и следствено на тоа да бидат преземени соодветни мерки. Притоа беа организирани неколку координативни состаноци со директорот, со другите претставници, со претставници во Владата, но и со подносителите на сите претставки се со цел да добиеме вистинска и реална слика на сето она што се случува во двете федерации, а преку тоа и сето она што се случува во финансирањето на спортот, рече денешната на прес-конференција Николовски.

Тој информира дека во пристигнатата документација информациите што ги добиле од подносителот на претставката против Боречката федерација има соодветни докази за можни злоупотреби и постоење на сомнежи за корупција и криминал – фалсификување на документи, непотизам, нетранспарентност, судир на интереси, недонесени прописи и низа други нерегуларности коишто ја поткопуваат работата на Федерацијата, но, како што рече, можни се и оштетувања на буџетот и на институцијата и на државата.

– Претставката против Скијачката федерација која што беше доставена, исто така, до Владата се однесува на нерегуларности и незаконитости при избор на претседател на Скијачката федерација. Пропратната документација содржи и материјали и докази за фалсификување и злоупотреба на потписи на одредени лица од скијачките клубови, непочитување на одредбите од Статутот на Федерацијата за одржување на вонредно собрание за избор на претседател, можни злоупотреби на дејноста на одредени скијачки клубови и други активности, истакна вицепремиерот Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот