Николовски: Мора да ставиме ред во функционирањето на институциите

 Во Владата имаме политичка и лична волја да се посветиме на функционирање на институциите. Мора да ставиме ред и да започнеме со работата, на самиот почеток сме при дефинирањето на работите и се уште се разговара за екипирање на мојот кабинет. Во периодот што следи внимателно ќе ги дефинираме работите, ќе се екипираме и ќе излеземе со конкретни предлози пред граѓаните, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

-Како ќе го проверуваме потеклото на имот е процес што ќе трае и нема да биде готов ниту утре, ниту, пак, во октомври. Станува збор за системски работи што се дојдени на ред да ги одработиме и имаме чест на отворен и транспарентен начин да ги изградиме сите механизми и модели на база на најдобрите пактики, рече Николовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека може да се скратат многу бенефиции, трошоци и привилегии на избраните лица.

Еден од столбовите на нашата програма е кратењето на бенефициите и привилегиите. Секој од нас е дојден за плата и треба да одработи најдоборо што знае за граѓаните. Како што јас можев да не користам службена картица како дополнителен заменик-министер или министер и ништо не ми фали истото може да го направи и било кој друг функционер на централно или локално ниво. Не треба да гледаме само дали нешто ни следува или не, туку и да размислуваме дали нешто треба да употребиме и да го искористиме на штета на граѓаните и на системот, рече Николовски.

Вети дека целосно ќе притиснат на централно и на локално ниво се да биде транспарентно, да има отворени податоци и се да биде објавено што, додаде, беше континуитет и на политиките на минатата влада.

-Ќе инсистираме на продолжување на кратењето на привилегиите на дискрециските права на избраните функционери. Ова поле за работа е огромно и има многу што да одработиме. Имаме силна политичка волја за средување на работите во државата што сега мене ми е доделено како мандат, истакна Николовски.

Прецизира дека се уште не е дефинирано што ќе се прави со кратењето на патните трошоци на функционерите.

-Сигурно е дека ќе одиме во целосно реорганизирање и ќе понудиме нов системски концепт. Имаме толку многу можности каде треба да се рационализираат трошоците, да се намалат привилигеите и да се одвратат од злоупотреби, но во периодот што следи штом ќе биде конципирано конкретно решение ќе биде споделено со јавноста. Во делот на пратениците ова прашање треба да биде упатено до Парламентот затоа што е над Владата и министрите одговараат пред народните избраници, посочи Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот