Николовски: МКЦ го прославува роденденот на уметноста

– Го славиме роденденот на уметноста. Тоа е светски ден на одбележување на уметноста. Ќе одбележиме со мултимедијална програма која започнува во 18 часот со детска креативна работилница. Меѓу останатите содржини ќе има и предавања во Планетариумот, на почетокот за деца, што ќе еволуира во предавање за возрасни во подоцнежните часови, изјави за Утрински брифинг на „Слободен печат“ на „Слободна ТВ“ Филип Николовски, програмски директор на МКЦ.

Влезот во текот на целата вечер е слободен. Има и две изложби. Една во галеријата на МКЦ, додека во горното реновирано фоаје ќе има и изложба од студенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот