Николовски: Kлиентилизмот, непотизмот ќе бидат земени во предвид со цел вистинските луѓе да дојдат на вистинските места (ВИДЕО)

Политиките на вработувањето, особено клиентилизмот, кронизмот, непотизмот, којшто се дел од оваа анализа ќе бидат земени во предвид при сузбивање на корупцијата и криминалот, рече на денешната прес-конференција вицепремиерот Љупчо Николовски.

Преку ноќ , за три месеци не велиме дека ќе направиме нешто, тоа преходните генерации не го направиле, но има политичка волја, огромен капацитет, потенцијал, јасни цели по коишто ќе се движиме, и точно политиките на вработување, особено клиентилизмот, непотизмот, којшто се дел од оваа анализа ќе бидат земени во предвид при носење на измените на законската регулатива при промените во дел од постапките- рече Николовски.

Една по една препораките ќе бидат имплементрирани, рече Николовски, така ќе го подобруваме ситемот, ќе ги отстрануваме недостатоците, слабостите, ќе ставиме акцент на професионализацијата на администрацијата, но особено со фокус на реформите во надзорни и управни одбори, подигањето на критериумите, на стандартите, со цел вистинските луѓе да дојдат на вистинските места.

Телото на Советот на Европа кое се занимава со мониторинг на антикорупциските стандарди во земјите од ГРЕКО на вчерашната седница нотирал напредок во Северна Македонија во делот на исполнување на препораките од четвртиот круг на евалуација.

– Новата Влада е цврсто решена и одлучна да се спротистави на криминалот и корупцијата во сите области. Тоа ќе го постигнеме заедно со сите надлежни институции, експертите, коморите и сите останати чинители во овој дел, порача Николовски.

Препораките беа објавени во 2014 година и се однесуваа за превенција на корупцијата во Парламентот, судството и обвинителството. Оттогаш до 2018 година се спроведени две оценувања во однос на мерките кои државата ги има преземено за исполнување на дадените препораки. Тогаш, ГРЕКО контатираше дека голем број од препораките не се имплементирани во реалноста заради што земјава беше вброена во групата на глобално незадоволителни држави. 

Според Николовски, овој напредок претставува дополнителен стимул и поттик на заложбите на Владата за градење на стандарди и принципи за превенција од корупцијата во сите области.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот