Николовски ќе го контролира однесувањето на јавните функционери

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На денешната седница, на предлог на премиерот Зоран Заев, Владата го назначи заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски за следење и спроведување на новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Во рамки на оваа точка, соопштија денеска од владината прес-служба, членовите на Владата потпишаа Изјава за прифаќање на одредбите од новиот Кодекс за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.

Функционерите треба да ги објавуваат сите податоци за својата работа, за работа на институцијата на веб страницата, оносно сите планови, ревизорски извештаи, списоци и листи на вработени, завршни сметки и останати документи, се што е од интерес на граѓаните кога станува збор за работењето на институциите финансирани од буџетот.

Доколку истото не се оствари се одговара согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но се носи одговорност и пред Владата. Функционерите ќе бидат обврзани да имаат јавно објавен записник за средби кои ги имале, но ќе треба да го пријават и секој сомнеж дека се во состојба на конфликт на интереси и да побараат препораки.

Кодексот дозволува и изрекување на соодветни опомени и санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот