Николовски: Ќе бараме отчетност од сите функционери

Ќе работиме пред се на силна контрола за тоа како се реализира нашата програма, програмата на СДСМ и нашите ветувања кои беа дел од нашите кампањи, најави вечера новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој дојде на оваа функција на место Александар Кирацовски.

– Доаѓа период во кој навистина и преку инструментите на СДСМ ќе бараме отчетност од сите избрани функционери, ќе бараме отчет од градоначалниците, од локалните самоуправи и точно ќе ја следиме реализацијата на нивната програма, на секој градоначалник, на секој директор, за која мерка, за која политика до каде е самата реализација. Ќе се фокусираме на изградба, и надградба на внатрешниот систем на организација на СДСМ како најголема политичка структура во државата. Може да гарантирам дека деноноќно ќе работам на изградба на еден систем и на отчетност и на чесност и на одговорност и на посветеност се во функција на реализација на нашите ветувања и на зборот коишто го имаме дадено пред граѓаните – најави Николовски.

Тој како што рече убеден е дека СДСМ заедно со коалицијата е сигурен победник на следните парламентарни избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот