Николовски: Јас го координирав разрешувањето на директорот на струшката болница

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски денеска објави дека директорот на струшката болница Мухамед Асани е разрешен, бидејќи нема компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните. Николовски вели дека бил во постојана координација со надлежниот инспекторат и биле преземени сите мерки во нивна надлежност.

– Изминатиот период бев во постојана координација со надлежниот инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој веднаш ги презеде сите мерки што се во нивна надлежност. Инспекторатот изврши вонреден надзор, и по констатирањето дека во домот на Асани има дива гинеколошка ординација веднаш му издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност, напиша Николовски на Фејсбук, додавајќи дека во тек е истражна постапка по пријава за кривична одговорност во Основното јавно обвинителство Струга.

Доктор Мухамед Асани разрешен од директор во струшката болница

Доктор Мухамед Асани изјавил дека ја породил Веапоска со машко бебе, а таа дома си отишла со женско

„Државна тајна“ се петмината од Лекарска комора што не нашле лекарска грешка за членот на нивниот Извршен одбор, доктор Мухамед Асани

Видео на денот