Николовски: Изборите треба да се одржат веднаш штом се стабилизира епидемијата (ВИДЕО)

НЕ ЈА КОРИСТИ ОВАА СЛИКА

Тој нагласи дека маските и дистанцата со сигурност стануваат наше секојдневие, а обврска за сите политички чинители е на прво место да го стават здравјето на граѓаните и интересот на државата.

Веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи, а на основа на сите епидемиолошки и здравствени анализи на клучните надлежни институции и авторитети во здравството, веднаш после тоа треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок, истакна Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, по денешната онлајн координацијата со шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ.

– Во моментот кога епидемиолозите и здравствените авторитети ќе проценат дека има услови за враќање на општествените текови во функција, изборите треба да станат реалност, што поскоро. Од здравствен аспект, најдобро е демократскиот избор на новиот македонски парламент и на новата македонска политичка влада со целокупна одговорност, да се случи во период кога короновирусот е совладан, а секако пред евентуална нова закана од повторно ширење на вирусот.

Справувањето со пандемијата принудно го стопираше изборниот процес непосредно пред стартот на предизборната кампања. Скоро на крај од сите изборни дејствија кои беа спроведени од страна на Државната изборна комисија Собранието сега не е во функција. А, демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните. Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме. И веднаш штом здравството и епидемиолозите потврдат дека вирусот е под целосна контрола, треба да продолжи изборниот процес и изборните дејствија, онаму каде што застана на 12 април за веќе закажаните избори – рече Николовски.

Тој нагласи дека маските и дистанцата со сигурност стануваат наше секојдневие, а обврска за сите политички чинители е на прво место да го стават здравјето на граѓаните и интересот на државата.

– Одговорно е да се носат одлуки растоварени од личните и теснопартиски интереси, а ниту една политичка кариера не е поважна од граѓаните. Мицкоски кажа дека „од СДСМ молеа бога да се случи корона вирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести“. Што е тоа што го натера Мицкоски да добие уплав од избори после 2 месеци – вели Николовски.

Тој во име на СДСМ, во име на централниот изборен штаб и во име на регионалните и општински изборни штабови во шесте изборни едници, ја упати пораката дека на сите треба да им е јасно дека „преоѓаме во нова фаза, кога одиме кон нова нормалност на нашето живеење, нашето ново секојдневие“.

– Преку обезбедена епидемиолошка контрола, преку строги протоколи за новата нормалност и преку обезбедена заштита на јавното здравје, ќе може да зборуваме и за избори. На македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно поскоро враќање на нормалниот колосек на европските интеграции. На македонските граѓани им треба почетокот на преговорите. На македонските граѓани им се потрбни функционални институции а пред се функционален парламент – заклучи генералниот секретар на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот