Николовски: Изборите се потребни за целосна подготвеност на државата пред вториот бран на вирусот

Кандидатите за пратеници од Изборната единица 3 од коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ денеска во Штип имаа координативен состанок, на кој, како што рече генералниот секретар на СДСМ, а воедно и носител на кандидатската лица во ИЕ 3, Љупчо Николовски е разговарано за мерките за заштита на граѓаните, справување со корона вирусот и за потребата за избори најбрзо што може.

Тој забележа дека изборите се потребни за целосна подготвеност на државата пред вториот бран вирусот на есен, здравјето на граѓаните, но и за рестартирање на македонската економија и функционирање на целосни и легитимни институции.

-Изборите не се проблем, изборите се решение. Тоа е нашата порака. Решение затоа што ќе им дадат понуди и легитимитет на законодавната и извршната власт, на нов Парламент, на нова политичка Влада, вели Николовски.

Посочи дека брзи избори во овој период се најдоброто решение за заштитата на здравјето на граѓаните и, подвлече, никој не знае колкав ќе биде вториот бран наесен и какви последици со себе ќе донесе, за што предупреди и СЗО.

Прочитајте и...  Атина: Фрлени молотови коктели врз полициска станица

-Здравјето и животот на луѓето се најважни од се, но важна е и економијата, важни се и останатите сектори. Колку пократко трае оваа состојба, толку побрзо ќе се вратиме во нормала. Затоа изборите се решение. Институциите ќе ги прземат сите превентивни мерки за сто процентна заштита на граѓаните на денот на гласањето, ќе имаме сто посто безбедно гласање. Веќе 18 држави соопштија дека ќе одат на избори пред летото. Сите држави кои имаат избори оваа година ги закажуваат за овој период, затоа што тоа е одговорно, државнички, рече Николовски.

Потенцираше дека избори организирани на крајот на август или почеток и средината на септември се опасни токму за здравјето на граѓаните и всушност, посочи, се предлози да нема воопшто избори, туку државата да се води во нова уставна, политичка, економска криза.

-Ние како одговорни луѓе, тоа нема да го дозволиме. Мицковски од сите страни е виден како неодговорен и незрел политичар. Тоа го велат граѓаните. Ничија политичка кариера неможе да биде поважна од граѓаните и од нашата сигурна иднина, вели Николовски.

Прочитајте и...  Доколку граѓаните не ги почитуваат мерките за заштита, може да бидат воведени рестриктивни мерки за одредени општини

Прашан што велат меѓународните организации, доколку коалицијата на СДСМ оди на избори без согласност на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Николовски со одговор дека во текот на вчерашниот ден имале брифинг раководството на партијата, а министерот за надворешни работи, Никола Димитров и носителот на ИЕ 1 Бојан Маричиќ имале комуникација со меѓународните организации.

-Сите факти се на наша страна, не станува збор за одење на избори со или без опозицијата. Станува збор за одење на избори, тогаш, кога условите го дозволуваат, тогаш кога тоа е одговорно и уреедбата и законот се јасни, дека изборите се по 22 дена од прекинот на вонредната состојба, за да има нова вонредна состојба треба да има дебело образложение, зошто државата се држи во таква состојба. Аргументите и фактите се знаае, се добија повратни информации од ОБСЕ дека ќе ја распределат мисијата, тогаш кога ќе кажеме кој е датумот на изборите, вели Николовски.

Прочитајте и...  Бугарија го укина карантинот за граѓаните од ЕУ, Србија и Северна Македонија

Генералниот секретар на СДСМ и воедно носител на ИЕ 3, Љупчо Николовски забележа дека тие во интерес на здравјето и животот на граѓаните цврсто се држат до фактите и аргументите. Прашан како ќе се реализира кампњата, Николовски одговори дека здравствената комисија веќе ги има протоколите, по што партиите треба да се однесуваат на терен, во текот на кампањата и како ќе изгледа изборниот ден.

-Тоа значи нема митинзи, нема групни собирања, ќе ги користиме сите дигитални алатк, онлајн комуникација, телефонско јавување и контакт на кандидатите за пратеници, начинот на којшто ќе биде дозволен од врата на врата, било кој друг облик на кампања. Почитувајќи ги сите протоколи, дистанца, какошто сме денеска, тукуа и сите средби и состаноци, вели Николовски.

Тој нагласи дека се што е во рамки на протоколите за време на капмањата ќе го применуваат, а како политички партии мора и да се навикнат на новото секојдневие.

Прочитај повеќе

Единаесет од новозараените се од Липково, еден од Куманово

Слободен печат

Спејс икс ја прекина руската превласт во вселената

Слободен печат

Редици пред продавниците за алкохол во Јужна Африка

Слободен печат

Нов случај на ебола и во западниот дел на ДР Конго

Слободен печат

За само еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

Слободен печат

Личниот лекар на Берлускони тврди: Ова не е истиот ковид-19, вирусот ја губи силата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полицаецот поради кој гори Америка префрлен во максимално обезбеден затвор

Слободен печат

Трамп и Путин разговараа за самитот на Г7 и нафтата

Слободен печат

Манчевски: Законот е јасен, доколку не се продолжи вонредната состојба, изборите треба да се одржат на 5 јули

Слободен печат

Волстрит во подем со отворањето на американската економија

Слободен печат

СЗО: Мерките треба да останат, нема докази дека вирусот се сменил

Слободен печат

Манчевски: Доколку не нè погодеше здравствената епидемја ќе го достигневме нивото на просечна плата од 30 илјади денари

Слободен печат