Николовски: Источниот регион е добар пример дека кога се работи домаќински, има резултати

Источниот регион е добар пример дека кога се работи, има резултати, а тоа е доказ дека се работи домаќински, рече денеска носителот на листа во Изборната единица 3 и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ и коалицијата „Можеме”, Љупчо Николовски.

Николовски од Крива Паланка порача, граѓаните да не потпаѓааат на лагите и лажните вести што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

– Мицковски лаже за некакви фусноти, Николовски лаже дека се затвораат фабрики, Јанушев, покрај неговите криминални афери, сега гледаме дека е и насилник и за жените зборува без грам човечност. Гледате ги фактите и новата реалност: ние сме Македонски народ, Македонци со македонски јазик, кој никогаш не бил повеќе признаен од светот. Членки сме на НАТО, чекориме кон  ЕУ, а замислете неколку години напред, кога ќе ги жнееме плодовите од сето ова. Уште не влезени, но на патот кон ЕУ, веќе одиме напред, а ќе одиме уште побрзо со отворање врати кои за нас, Македонците, отсекогаш биле затворени. Тоа било за секоја земја членка на ЕУ, така ќе биде и за нас, истакна Николовски.

Застанат кај клучката на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, тој потенцира дека Владата продолжува да гради, да ги реализира ветените инфраструктурни проекти.

-Се гради експресниот пат Ранковце – Крива Паланка во должина од 23 километри, проект вреден 58 милиони евра обезбедени од Светска Банка. Го изградивме целосно и го пуштивме во употреба автопатот Миладиновци-Штип, а се градат уште два останати експресни патишта, Штип – Радовиш и Штип – Кочани. Градиме 260 километри автопатишта, 300 километри експересни патишта, 950 километри локални патишта, рехабилитираме повеќе од 1.500 километри постојни патни правци низ целата земја. Се проширува граничната патна инфраструктура по повеќе децении на клучните премини: Ќафасан и Деве Баир. Овде во Крива Паланка  почна изградбата на патот Крива Палака – Деве Баир со поддршка од 13 милиони евра, грант од Европската Унија, се гради експерсниот пат Крива Паланка-Ранковце и целосно е рехабилитиран патот Ранковце-Крива Паланка. Се гради насекаде, нема привилегирани општини и региони. Ја гасифицираме земјата, влегуваме во завршница на реализирање на гасоводните магистрали, во овој мандат, а продолжуваме во следниот додека не донесеме гас во секој дом, тука и во истокот, за пониски сметки за греење и почист воздух, напомена Николовски.

Тој уште еднаш порача граѓаните да внимаваат кому ќе го дадет својот глас бидејќи, како што рече, се работи за иднината.

Николовски оставри средби со кошаркарите од градот, го посети гардскито пазар, како и повеќе стопанси субјекти во Крива Паланка.

Централниот караван на коалицијата „Можеме” вечерва ќе одржи трибина во Крива Паланка на која покрај Николовски, ќе се обратат и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, двојниот носител на листата во 3 ИЕ, Јагода Шахпаска и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот