Николовски – Хоца: Претендираме да освоиме најмногу мандати во 6-тата изборна единица, која е мерило за довербата од гласачите Албанци

Работните групи на СДСМ и Движењето Беса, предводени од генералните секретари Љупчо Николовски и Арјанит Хоџа ќе имаат состанок во хотел „Арка“, каде пред започнување на состанокот заеднички дадоа изјава за медиумите.

-Повод за средбата е операционализација на коалициската соработка согласно потпишаниот договор, а во фокус на програмската понуда за претстојните парламентарни избори. Првата предзборна коалиција меѓу македонска и албанска партија е логично продолжување за напуштање на концептот на поделби и за создавање цврсти темели на платформата на СДСМ за „Едно општество на сите“, рече Николовски.

Тој потоа е надоврза за интеграцијата во ЕУ, која е единствена опција за нашата земја.

-Заедно сме посветени за рамноправен развој на сите области без разлика на етничка, верска и друга припадност, борба против криминалот и обезбедување клучни рефори во судството. Интеграцијата во ЕУ останува единствената опција. Нема друга алтернатива за нашата земја. Затоа целиот професионален и кадровски персонал го ставаме во служба на европската агенда на Северна Македонија. Тоа е во интерес на мнозинството граѓани. Убедени сме дека оваа храброст и визија на Движењето Беса ќе биде наградено од гласачите заради храброста и вербата во вистинско граѓанско обединување со заокружена кадровска програма, соработка врз принципите и вредностите на меѓусебна почит, вели Николовски.

Според него, шестата изборна единица ќе биде мерило за довербата на гласачите Албанци.

-Победничката коалиција претендира да освои најмногу мандати во шестата изборна единица, која е мерило за довербата од гласачите Албанци.Оваа коалиција ќе забележи убедлива победа на 12 април, со што реформите, напредокот и интеграцијата засилено ќе продолжат. Граѓаните ги препознаваат овие политики што носат интеграција и во НАТО и во ЕУ и што носат повеќе инвестиции, плати, отвораат нови работни места, што го отвараат пазарот во НАТО, фондови од 2 милијарди евра. Затоа на 12 април ќе победат граѓаните, коалицијата на СДСМ и Беса, концептот „Едно општество за сите“, потенцираше тој.

Потоа следеше обраќање на Хоџа, кој ги повика Албанците да излезат на гласање на 12 април.

-Задоволни сме од соработката во коалицијата. И во програмска и во кадровска смисла оваа коалиција пред граѓаните излегува со понуда која е во интерес на сите граѓани. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите, особено Албанците да ја поддржат нашата мултиетничка коалиција. Нивниот глас ќе има двојна вредност на 12 април. Во оваа коалиција нема големи и мали, рамноправни партнери кои си ги уважуваат разликите, рече Хоџа.

Тој истакна дека оваа коалиција е најголема и победничка.

-Албанците знаат дека оваа владина коалиција ќе ја спорведе програмата. Нема ловење во матно, се е чисто однапред поставено и на вицелина. Никогаш порано Албанците не биле подобро заштитени. Поставуваме нови стандарди во политичкиот плурализам. Затоа оваа коалиција е најголема и победничка, затоа на 12 април ќе потврдиме дека сме на вистинскиот пат, вели Хоџа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот