Николовски: Граѓаните со децении се плашеа да пријавуваат корупција

Корупција
Корупција / Фото: Архива на „Слободен печат“

Граѓаните со години и децении не веруваа дека доколку пријават корупција ќе има некаков резултат, дури и се плашеа да пријавуваат. Сега ние ги охрабруваме да го прават тоа и ќе овозможиме ситеми за пријавување, изјави вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

– Изработуваме систем за следење на предмети во сите институции, секаде каде што граѓаните или фирмите поднеле барање, треба да добијат одредено право или услуга, а тоа не им се дава во рок или има сомнежи дека се чуваат предмети во фиоки. Ќе го имплементираме и обзнаниме тој систем за следење на предмети, но треба да ги охрабриме граѓаните. Затоа бараме во секоја институција да има лице заштитено за пријавување на корупција. Затоа ќе имаме ваков систем за слдење на предмети и централизирано пријавување на корупцијата. Затоа правиме се и ќе правиме и во периодот што следи, преку имплементацијата на планот за борба против корупцијата. Но она што клучно е да ги мотивираме граѓаните да се отворат, да пријавуваат корупција, а ние недовсмислелно и неселективно да делуваме, рече Николовски.

Тој појасни дека неговиот кабинет не е нова институција која работи паралелно со ситемот, туку ги само ги координираат институциите во системските мерки и политики кои што досега никој немал храброст да ги имплементира.

Николовски се осврна и на законот за потекло на имотот со којшто, како што вели тој, ќе се оневозможи да се крие богатството, да се изнесуваат пари, да се сокрива и на грбот на граѓаните да се богатат сегашни, поранешни или идни функционери.

Тој додаде дека е потребен закон за потекло на имотот што ќе се однесува на сите граѓани и кој ќе ги опфати сите граѓани и бившите функционери.

– Во моментов ДКСК може да испитува потекло на имот само на актуелните функционери и што се случува? Функционерите кога ќе дојдат на позиција префрлуваат дел од имотот на други лица, а кога ќе заминат си го враќаат. Затоа што нив може да им се испитува имотот само кога се на функција, а не и претходно. Затоа тука имаме механизам за враќање назад до 10 години и за проверка на потекло на имот што ќе има широк опфат, за сите граѓани, изјави Николовски.

Тој објасни дека не само избраните и именувани функционери ќе поднесуваат анкетни листови, туку сите раководни службеници, сите што одлучуваат за правата на граѓаните, сите царински службеници, сите вработени во УЈП и сите останати битни сегменти на општестовто на административно ниво.

– Граѓаните најмногу се жалат во овој поглед. Да, ние мора да ја продолжиме и засилиме борбата против високата корупција, но мора да ставиме ред и во овие институции. Неретко имаме раководители на одредени сектори кои што се поврзани или имаат удели во фирми кои шт осе поврзани со нивната работа. Тие треба да одлучат дали ќе работат за граѓаните или во приватниот сектор. На ова се надополнува и законот за потекло на името, рече Николовски.

Како алка која се надоврзува во борбата со криминалот и корупцијата, вицепремиерот Николовски го истакна и Регистарот на вистински сопственици.

– До денес се регистрирани над 70 илјади субјекти кои што ги пријавиле вистинските сопственици. Ова оневозможува зделки на фирми од Панама, изнесувањето на богатството во разни острови итн. Мора за секое правно лице да се знаат вистинските сопственици во државата. Овој проект заедно се работи помеѓу Централниот регистар и Управата за финансиско разузнавања. Јавноста ќе има целосен пристап, ќе може да пребарате и да дојдете до вистинските сопственици кои ги има секоја компанија, изјави Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот