Николовски: Гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари вашите буџети

На 15 јули гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари во вашите буџети, а не за обнова на режимот кој ви ги крадеше парите, изјави денеска Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 на коалицијата „Можеме”.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања на сите им го врати сеќавањето на она време кога, како што рече, граѓаните беа газени, уценувани, злоупотребувани. – Време кое мислевме дека го оставивме зад нас. Разликата е јасна и огромна. Во две и пол години колку што имавме чест да ја водиме владата, покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ и ден денес покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници, изјави Николовски при посетата на пехчевската компанија Дик фагус.

ВМРО-ДПМНЕ, истакна, 11 години,  без срам манипулирале со најранливите категории. Политиката треба да им служи на граѓаните, а не тие на неа.

-Ги уценуваше за социјалната помош која ја држеше на мизерен минимум, ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори, а тие кои земаат социјална помош ги игнорираше. СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто! И воведе детски и образовен додаток. Тоа е грижа! Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!, рече Николовски.

Тој укажа дека актуената власт го решила проблемот со стечајците кои, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше и ги угнетуваше. Дванаесет илјади стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а следно, најави, ќе добијат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

-И во време на коронавирусот продолживме со концептот – парите назад кај граѓаните. Враќаме 28 милиони евра назад кај 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за домашен туризам. Го зголемуваме и опфатот на домашната платежна картичка. Затоа што сакаме да вратиме пари кај граѓаните и да ја рестартираме економијата. Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа. Ова е држава која е праведна за сите, нема веќе високи казни, огромни трошоци за нотари и за извршители. Има праведно општество! Сонувавме за тоа во времето на истото ВМРО кое сака да се врати! Трошоците за нотари извршители ги намаливме, а 11 ставки за трошоци за извршување, целосно ги укинавме!, изјави Николовски.

Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришани се, наведе, 10 милиони евра долгови на граѓаните, а казните се намалени и до 75 отсто, воведена е опомена пред казна.

-Сетете се како беше во 11-те години на ВМРО. Прво казна се добиваше, па после опомена. Фејк-њуз ВМРО се грижи само за обнова на режимот и обнова на грабежот кон граѓаните. Затоа, на 15 јули гласајте за концептот кој обезбедува повеќе пари во вашите буџети, а не за обнова на режимот кој ви ги крадеше парите. Обнова на криминалот, обнова на режимот – нема да има! На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава, порача Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот